Сириската опозиција го повикува Асад да ја предаде власта

Во почетокот на мировните преговори за Сирија во Монтр, предводени од Обединетите Нации, сириската опозиција го повика претседателот на земјата Башар ал Асад да ја предаде власта на преодна Влада, пренесоа „АФП“.

„Ја повикувам делегацијата на Владата веднаш да го потпише комникето на конференцијата во Женева, што го предвидува предавањето на власта од страна на Асад, вклучувајќи ја и онаа над армијата и безбедносните сили, на преодна Влада“, истакнал Ахмад ал Јарба, претседател на Сириската национална коалиција.