Сириската опозиција ќе ја изгуби поддршката на Западот ако отсуствува од „Женева-2“

Претставници на САД и Велика Британија ја предупредија сириската опозиција за можно прекинување на поддршката во случај Сириската национална коалиција, главниот опозициски блок на блискоисточната држава, да не учествува во преговорите при „Женева-2 “, пренесува „Би-Би-Си“.

„Тие јасно ни дадоа до знаење дека нема да продолжат да ни пружаат поддршка како во моментов и дека ќе ја изгубиме довербата на меѓународната заедница, ако не присуствуваме на Женева-2“, истакнал претставник на Сириската национална коалиција.

Мировната конференција „Женева-2“ треба да се одржи на 22 јануари.