Сириската опозиција не прифаќа останување на Асад на власт

Сириската опозиција не прифаќа останување на Асад на власт
Сириската опозиција не прифаќа останување на Асад на власт

Сириската опозиција денеска соопшти дека го одбила планот што синоќа и бил понуден од специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура за решавање на сириската криза, бидејќи со него се предвидувало останување на претседателот Башар ел Асад на власт.

– Стефан де Мистура предложи Асад да го одбрува именувањето на тројцата потпретседатели, што ќе ги предложиме ние и ним да им ги пренесе воените и политичките овластувања, а тој да има само протоколарна функција, изјави член на опозициската делегација, што учествува на мировните преговори за Сирија, кои се одржуваат во Женева.

Опозицискиот претставник, кој побарал анономност, нагалси дека Мистура ја информирал опозицијата оти тоа што им го нуди не е негов предлог, но не посочил кој стои за планот.

– Ние категорично го отфрливме ваквиот предлог, изјави истиот извор.

Новиот круг мировни преговоири за Сирија во Женева е закажан за в понеделник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.