Сириската опозиција нема да учествува во мировните преговори

Единствената групација на сириската опозиција, која е поддржана од Западот најави вчера дека нема да учествува во следниот круг од мировните преговори за решавање на сирискиот конфликт, кој ќе се одржи во Москва, пишува МИА.

Наџиб Гадбијан, претставник на Сириската национална коалиција во Обединетите нации изјави дека групацијата била поканета на преговорите, кои ќе се одржат во Москва од 6 до 9 април.

Коалицијата го бојкотираше и првиот круг на преговорите во Москва, како и повеќето бунтовнички групи.

Гадбијан ја отфрли идејата на Русија, која ги претстави преговорите како дијалог со сириската Влада. Коалициајта смета дека претседателот Башар ал Асад треба да ја напушти функцијата.