Сириската војска и сојузниците ја повратија контролата над Абу Камал

Сириската војска помогната од локалните милиции и шиитските доброволци од регионот ја повратиле целосната контрола над Абу Камал, последното големо упориште на радикалната сунитска групација Исламска држава во Сирија, соопшти во неделата медиумската мрежа al-Mayadeen блиска на либанското шиитско движење Хезболах.

Сириската армија прогласи победа над Исламската држава во Абу Камал на почетокот од ноември, но џихадистите извршија противнапад користејќи ги своите борци притаени во градот. Во источната покраина Деир-ез-Зор.

Откако е истисната од Абу Камал, Исламската држава сега под контрола има само неколку села по течението на Еуфрат и делови од блиската пустина, како и изолирани џебови во другите делови од Сирија.

Во објавата се додава дека самопрогласениот џихадистички гувернер на Букамал, познат по военото име Абу Хасан ал-Ираки, побегнал од градот на источниот брег на реката Еуфрат. Исто така, се наведуваат непотврдени извештаи дека двајца високи команданти на Исламската држава, идентификувани како Садам ал-Џамал и Абу Сумаија ал-Ансари,исто така, избегале од Букамал.

Сириската војска и провладините милиции прогласија заземање на Букамал (Абу Камал) претходно овој месец, но Исламската држава, исто така, користеше свои прикриени борци во градот за противнапад.

Повеќето групи коишто се борат против Исламската држава во Сирија и во Ирак велат дека очекуваат дека џихадистите сега да започнат герилска војна користејќи ги ткн „спијачи“ и самоубиствени бомбашки напади.