Сириската војска уништи упоришта на Исламската држава

Сириската војска денеска уништи упоришта на џихадистичката група Исламска држава (ИД), североисточно од сирискиот град Алепо, јавија државните медиуми.

Сириската телевизија објави дека во вториот ден од воздушните напади на коалициските сили предводени од американската армија, војската на Сирија уништила позиции на екстремистите од ИД меѓу градовите Ал Баб и Ал-Кабасеин и елиминирала голем број терористи.

Сириската Влада соопшти дека ќе продолжи да им се спротивставува на припадниците на ИД и други екстремисти на своја територија.