Сириски бунтовници обезглавија 11-годишно дете

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како сириски бунтовници отсекуваат глава на дете, откако го заробиле северно од Алепо, соопшти денеска Сирискиот џентар за мониторинг за човекови права.

Според Центарот, на видеото се гледа како 11-годишното дете лежи во камион, а потоа еден од борците му ја отсекува главата.

Еден од бунтовниците извикува: „Нема да оставиме никогој во Хандарат“, град северно од Алепо, во кој се одвиваат борби меѓу сириските бунтовници и силите лојлани на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Опозицискиот Центар, чие седиште е во Лондон, потврди дека на видеото се припадници на сириските бунтовнички групи.

На друг видео запис, снимен пред убиството, околу момчето седат борци кои го обвинуваат дека е припадник на бригадата Ал Кудс, палестинската група која се бори на страната на режимските сили.

Организацијата за човековите права „Амнести Интернешнал“ на почетокот на јули објави извештај во кој се наведува дека исламските бунтовници и џихадисти во Сирија извршиле воени злостроства и ги обвинија за „ужасен бран на киднапирања, мачење и масовни убиства“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.