Сириски бунтовници презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак

Сириски бунтовници презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак
Сириски бунтовници презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак
Група сириски бунтовници синоќа презедоа контрола врз граничен премин меѓу Сирија и Ирак, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон.

Во мај минатата година ИД го презеде Танаф заедно со Палмира. Во тој период Танаф беше последниот граничен премин меѓу Сирија и Ирак, кој беше контролиран од силите на режимот во Дамаск. По офанзивните бомбардирања на меѓународната коалиција врз позиции на ИД, изламистите се повлекоа од сирискиот дел на Танаф и на тој начин им овозможија полесен напредок на бунтовниците.

На останатиот дел од сириско-ирачката граница ИД се уште го контролира централниот и стратешки граничен премин Абу Камал, а курдските сили преминот Јарабија.