Сириски мигранти ограбени во Куманово

Сириски државјани завчера биле ограбени во Куманово.

Седумте сириски државјани кои се симнале од автобус биле придружени од непознато лице кое им се понудило да им го покаже патот за Србија или за село Лојане, по што откако тргнале со него им се приклучиле уште две непознати лица кои со закана со пиштол и нож извршиле разбојништво над нив, одземајќи им околу 1.200 евра, четири прстени, четири мобилни телефони и три часовници.

Сириските државјани се сместени во Прифатниот центар во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на сторителите.