Сириски мигранти откриени во кумановско

Петмина сириски мигранти се откриени вчера во возило „опел вектра“ управувано од Ф.Д. (28) од село Ваксинце во атарот на село Речица, кумановско.

Меѓу мигрантите имало и едно малолетно лице.

Лицата се приведени во СВР Куманово за расчистување и документирање на случајот.