Сириски мигранти пронајдени во село Марвинци

Седум мигранти, државјани на Сирија, се пронајдени вчера попладне во село Марвинци.

Како што соопшти МВР, полициски службеници од граничниот премин Богородица запреле товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Н.(45) од село Брајковци, Валандовско, во кое биле затекнати бегалците.

З.Н. е приведен и предаден во полициската станица Гевгелија за натамошна постапка, додека странските државјани ќе бидат предадени во Прифатниот центар за странци-Скопје.