Сириски опозициски групи ќе формираат нова политичка партија

Сириски опозициски групи ја најавија својата намера да создадат нова политичка партија, јави „Интерфакс“.

Поранешниот амбасадор на Сирија во Ирак ја објавил намерата за создавање на нова партија што ќе ги обединува различни етнички и религиозни групи и ќе ги постават темелите на „една силна Сирија по падот на режимот“.

Според турските медиуми за прашањето за создавањето на новата партија, нејзиното име и нејзините лидери се дискутира на тридневна средба во турската област Газиантеп.