Сирискиот власти ќе учествува во вториот круг од „Женева-2“

Сириските власти го потврдија своето учество во вториот круг од мировните преговори со опозицијата во Женева, планирани за 10 февруари, пренесуваат локалните медиуми.

„Беше одлучено делегацијата на Сириската република да учествува во вториот круг од преговорите во Женева“, изјавил сирискиот заменик министер за надворешни работи, Фејсал Мокдад, цитиран од агенцијата „Сана“.

Мокдад беше еден од членовите на делегацијата на режимот во првиот круг од преговорите на крајот на јануари во Женева, што имаа цел да стават крај на војната, но на крајот не постигнаа никаков резултат.

„Сириската делегација сака да ги продолжи напорите во првиот круг во Женева и инсистира тие да ги вклучуваат сите клаузули содржани во коминикето од Женева -1, почнувајќи од првата клаузула“, рече уште Мокдад.

Преговорите во Женева меѓу претставниците на режимот на Башар ал Асад и опозицијата се одржаа под покровителство на посредникот на ОН, Лахдар Брахимај. Режимот во Дамаск, кој ги смета бунтовниците за терористи, инсистира приоритет во преговорите да биде прашањето за тероризмот, а опозицијата смета дека централно место треба да зазема транзицијата во земјата, исклучувајќи го Асад.

Коминикето од Женева-1 , донесено во 2012 година од страна на големите држави, предвидува престанок на насилството во каква било форма и формирањето на преодна влада, без да се споменува судбината на Асад.