Свет

Сириските бунтовници доставија видео како САД им помагаат на џихадистите да се извлечат од Рака

Сириските бунтовници доставија видео како САД им помагаат на џихадистите да се извлечат од Рака

Претставниците на арапско-курдската опозициска коалиција Сириски демократски сили (SDF), коишто се инаку вооружувани, обучувани и помагани на теренот од американски специјалци, доставиле до руската меѓународна телевизија и RT Ruptly видео запис од начинот на кој џихадистите од ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава се повлекувале од престолнината на нивниот ткн „калифат“ во сириска Рака со помош на американски претставници кон крајот на ноември 2017 година.

Како што раскажува еден од борците на новинарите, околу три илјади луѓе, терористи на Исламската држава и членови на нивните семејство, заминале кон Деир-ез-Зор, каде што џихадистите даваа отпор пред налетот на сириските владини сили, а потоа претставниците на SDF велат дека не знаат каде биле натаму префрлени исламистичките милитанти.

„Ги видов милитантите на Исламската држава, тие заминаа со автобуси и камиони во Деир-ез-Зор. Не знам каде се упатиле потоа. Вкупно од Рака избегаа околу три илјади луѓе, терористи на Исламската држава заедно со семејствата, околу илјада од нив беа ранети“, вели на видеото борец на SDF.

Друг борец навел дека работел во амбар кога видел „дека милитантите на Исламската држава го напуштаат градот“. „Ги имаше многу, но ние не се плашевме од нив“, додал.

Според експертите, ова видео е уште еден доказ дека американските војски им овозможиле на терористите на Исламската држава непречено да ја напуштат Рака. Такви обвинувања официјално минатите седмици испрати Русија, како и владата во Дамаск.

„На милитантите им овозможиле да заминат во безбедни регионот, од каде што тие веројатно ќе ја продолжат борбата против владините сили и нивните сојузници“, изјавил за телевизијата професорот од Либанскиот универзитет Џамал Ваким.

Според него, „овие кадри ги негираат изјавите на САД за борба против терористите и ги поткрепуваат обвиненијата дека САД ги користат милитантите за решавање на сопствените геополитички задачи на Блискиот исток“.