Свет

Сириските бунтовници заминаа од центарот на револуцијата

Сириските бунтовници заминаа од центарот на револуцијата

Стотина сириски бунтовници вчера го напуштиле Хомс, кој е центар на револуцијата.

Напуштањето на градот доаѓа по неколкуте победи на војската на Асад со помош на либанската група Хесболах, особено по освојувањето на важниот коридор меѓу главниот град Дамаск и Хомс.

Повлекувањето од „колевката на револуцијата“ во која почна бунтот во 2011 година дополнително ја зацврстила контролата над земјата на Асад. Но, сѐ уште има големи делови каде што власта нема контрола.