Сириските исламистички бунтовници го возвраќаат ударот

бунтовници

Бунтовниците испукале „стотици ракети“ кон западниот дел од Алепо и според „мониторинг групата“, во ракетирањето биле убиени најмалку 15 цивили.

Медиумите во Лондон тврдат дека исламистите го нападнале со ракетите „Град„ и воениот аеродром Ал Најраб, на истокот од овој втор по големина град во Сирија, каде се води главнината од 5,5 годишната граѓанска војна за соборување на претседателот Башар ал Асад.

Сите досегашни обие да се вопостави барем привремен прекин на огнот и да се дотури хуманитарна помош во источно Алепо кое епод опсада, не успеаја.

Бунтовниците кои ја имаат поддршката на Западот и сириската војска која ја помага Русија, меѓусебно се обвинуваат околу тоа кој е виновен за продолжувањето на војната.

Исламистите и Западот ги обвинуваат Дамаск и Москва дека бомбардираат „цивилни цели“ и дека страдаат цивили, а не терористи.
Сирија и Русија тврдат дека тие војуваат против терористите кои Западот ги заштитува , за да се собори претседателот Бшар ал Асад.

Според руското објаснување, бунтовниците не дозволуваат хуманитарната помош, како дека исламистичките бунтовници, меѓу кои се и припадниците на групата Ал Нусра, која е филијала на Ал Каеда во Сирија, ги користат цивилите како штит од нападите на владините сили.

Лондонските медиуми тврдат дека во сегашната офанзива на бунтовниците, учествуваат сите исламистички, сунитски, борбени фракции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.