Сириските мировни преговори се очекува да бидат обновени на 7 март

Сириските мировни преговори треба да бидат обновени на 7. март во Женева, соопшти денеска извор од руското Министерство за надворешни работи.

– На прелиминарен план возобновување на сириските мировни преговори ќе се одржат во Женева на 7 март, објасни изворот од руското Министертсво.

Како што јави ТАСС, најавата за воозбнивување на мировните преговори доаѓа во пресрет на прекинот на огнот во Сирија, што треба да стапи во сила вечер на полноќ по сириско време (23 часот по средноевропско време).