Балкан

Сириза со предност од 7, 5 отсто пред Нова Демократија, Златна зора трета

Сириза со предност од 7, 5 отсто пред Нова Демократија, Златна зора трета

Грчката крајнолевичарска партија СИРИЗА има предност од 7,5 отсто пред десноцентристичката Нова демократија и доколку во земјата денеска се одржат парламентарни избори, СИРИЗА ќе освои 27,5 отсто од гласовите, додека Нова демократија 20 проценти.

Ова се резултатите од универзитетското истражување, кои ги објави денеска грчкото национално радио. Во истражувањето како трета партија е наведена крајнодесничарската „Златна зора“, за која се определиле 6,5 отсто од анкетираните.

Следуваат „Реката“ со шест проценти, Комунистичката партија со 5,5 отсто, формацијата „Грчка маслинка“ и социјалистичката ПАСОК со 3,5 отсто, а „Независни Грци“ со три проценти.

Според истражувањето друга партија преферирале 8,5 отсто од анкетираните, додека 17 отсто немат донесено одлука за кого би гласале.