Сириза води на изборите во Грција

Големо водство од 13 проценти на опозициската Сириза пред Нова Демократија покажуваат привичните резултати од гласањето во Грција. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, мнозинството од 10 те милиони гласачи го дадоа својот глас за радикални промени.

Сириза засега има освоено 37, 5 проценти од пребројаните гласови, наспроти Нова Демократија која што има 25 проценти. Третото место во моментов го делат Златна Зора и Потами, со по 7, 2 проценти освоени гласови.

Иако победата на Сириза е речиси извесна, за неколку часа ќе се знае и дали Ципрас ќе го освои потребното мнозинство од 151 пратеник за да може самостојно да формира влада. Според последните информации, во седиштето на Сириза веќе се прославува и таму полека пристигнуваат голем број членови и симпатизери на партијата, а за неколку часови се очекува и обраќањето на најверојатно новиот грчки премиер Алексис Ципрас.