Сириза за МИА: Нема планирана посета на Скопје

Колку што знам, нема планирана официјална посета на лидерот на Сириза на Скопје, изјави за МИА Данаи Бадојани, портпарол на Ципрас за странски медиуми.

Грчкиот весник „Параполитика“ напиша дека „со цел да покаже оти националните прашања ќе бидат високо на агендата на следната грчка Влада, лидерот на Сириза, Алексис Ципрас планира посета на Македонија.

Според извори на весникот, посетата веќе почнала да се организира со цел да се истакне позицијата на Сириза за прашањето за името.

– Целта е да се разговара за изгледите на агресијата кон нашата земја испраќајќи силен сигнал до конзервативната и патриотска публика, пишува Параполитика.

Во недостиг на официјални изјави и соопштенија, грчките медиуми секојдневно објавуваат „доверливи информации„ од „сопствени извори“ за политиката на Атина кон Македонија. И како што се потврди и овој пат, се е со цел само да се создаде впечаток дека Грција и нејзината опозиција посветуваат внимание на прашањето за името.