Сиси: Исламските милитанти се закана за целиот свет

Претседателот на Егиет, Абдел Фатах ал-Сиси ги предупреди светските сили дека исламски милитанти се закана за целиот свет.

Тој истакнал дека тие го пустошат Блискиот исток, „и тоа не смее да се дозволи“, бидејќи се закана за сечија безбедност, не само за безбедноста на арапските држави.

Сиси во телевизиски говор нагласи дека тој проблем се однесува на САД, Русија, Кина и Европа.

Сиси во својот говор не спомена директно калифат, кој го прогласи лидерот на ИДИЛ, но неговото споменување на „држави кои се уништуваат и делат во име на верата“ јасно се однесува на ситуацијата во Ирак и Сирија.