Сиси положи заклетва за втор претседателски мандат

Египетскиот председател Абдел Фатах ал Сиси положи денеска заклетва во парламентот за својот втор мандат, јавуваат тамошните медиуми.

Сиси повторно е претседател на Египет,откако победи на претседателските избори во март годинава.

Тој во 2013 година по повеќедневните протеси на граѓаните го собори од власта тогашниот претседател Мохамед Мурси. Сиси една година подоцна беше избран за својот прв четиригодишен мандат.

На изборите во март сиси освои 97 отсто гласови од 41 процент Египјани кои излегле да гласаат.