Сиси: САД ја има поддршката против ИД од Египет

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси синоќа изјави дека Египет е подготвен да обезбеди поддршка во борбата против групата „Исламска држава“, истовремено повикувајќи на широка стратегија и искоренување на екстремизмот од регионот.

Сиси, во своето прво интервју за западен медиуми по преземањето на должноста во јуни годинава, нагласи дека Египет ја воочи опасноста од политичкиот ислам, како и дека доколку Каиро не реагирал најбројната нација во арапскиот свет би се соочила со граѓанска војна, како што сега се води во Ирак и Сирија.

Генерал Сиси истакна дека пред година предупредил на големата опаност, но никој не зборувал сериозно се до влошувањето на ситуацијата во Ирак и Сирија.

Сиси не прецизира на кој начин Египет ќе помогне на коалицијата предводена од САД во борбата против екстремистичката група „Исламска држава“.