Сите го прават ова за време на секс, но се срамат да признаат

Постои една работа што речиси секоја двојка барем еднаш ја има направено иако знаат дека тоа не е сосема сигурно.

Кога станува збор за методите на котрацепција, голем број луѓе им веруваат на презервативите и на пилулите, но има и голем број такви што се потпираат само на методата на извлекување.

Според најновите истражувања, таа метода двојките почесто ја применуваат отколку што би помислиле. Имено според податоците добиени со помош на апликацијата за плодност Глоу дури 18 отсто од жените признале дека оваа метода им е примарен облик на контрацепција. Со други зборови, таа е на третото место по популарноста, по презервативите, кои што ги корстат 32 отсто испитаници и пилули што ги земаат 27 отсто од нив.

Со текот на годините оваа метода често го привлекуваше вниманието. Некои веруваат дека е неефикасна и опасна, затоа што бара голема самоконтрола од мажот, но има и такви што велат дека „не е толку лоша“.

Околу 60 отсто од двојките според Глоу барем еднаш ја користеле оваа метода, а 4, 8 отсто жени ја користат како главен облик на заштита од бременост.