Сите грчки банки во Србија на продажба

Сите грчки банки во Србија се на продажба – Војводинска банка (НБГ), Пиреус банка, Еуробанка и Алфа банка, вели поранешнот гувернер на Народна банка на Србија, Радован Јелашиќ, кој во моментов е член на Хеленик фајненшл стабилити фонд во Грција.

Тој изјавил дека со заинтересирано следи „како оди продажбата на Војводинска банка  (НБГ), како и оние на Пиреус банка, Еуробанка и Алфа банка“.

„Алфа е дефинитивно при крај. Ние таму како Хеленик фајненшл стабилити фонд имаме мал удел. За нас е поважно што ќе биде со продажбата на НБГ каде имаме 40 отсто сопственост и Пиреус банка“, вели Јелашиќ за „Денес“, пренесува Танјуг.

Тој нагласил дека тие пари не само што му се потребни на Фондот туку и на грчките даночни обврзници, кои во Хеленик имаа вложено околу 35 милијарди евра.