Сите кои бараа работа на Саем ќе добијат одговор за еден месец

Резултатите од првиот Саем за вработување кој се одржа денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат познати за еден месец. Сите невработени кои денеска присуствуваа на саемот и оставија свое си-ви за еден месец ќе бидат известени дали се повикани на интервју во некоја од компаниите.

Оваа за време на мотивационата обука пред невработените лица го истакна директорот на Агенцијата за вработување на Р.Македонија Влатко Поповски.

Тој истакна дека секој кој присуствувал на денешниот Саем за вработување ќе бдие известен по електронски пат дали неговите квалификации одговараат со барањата на некој од работодавачите кои денеска беа дел од саемот.

– Денеска имаше многу случувања меѓу кои беше и претставувањето на компаниите и можностите за вработување во тие компании. Многу невработени луѓе имаа можност да поднесат си-ви, да аплицираат за работа да пораговараат со работодавачите или претставниците на тие компании да видат што се бара и што се нуди. Саемот го завршувмае до една групна мотивациона обука како да се бара работа, што треба да се направи, и се надевам дека на крајот од сета оваа работа после месец дена ќе имаме успешни приказни, бидејќи околу 30 дена им се потребни на компаниите да направат избор од големиот број на биографии, да ги одберат најдобрите и да направт со нив договори за вработување, истакна Поповски.

Мотивационата обука ја држеа најпознатите обучувачи за барање на работа Зоран Костовски и и Ранко Безар од друштво за менаџмент консалтинг „Мотива“.

На Саемот за вработување повеќе од 80 домашни и странски компании има свои штандови, а лицата кои браат работа добија можност директно со нив да поразговараат за можностите кои ги нудат истите. Овој настан е и дел од владината програма за намалување на невработеноста.

Саемот за вработување свечено беше затворен со доделување на благодарници на сите компании кои беа дел него.

Следниот Саем за вработување ќе биде во Неготино на 24.октомври, а вакви саеми ќе се одржат и низ сите поголеми градови низ Македонија.