Сите кои сакаат да и’ нанесат зло на Македонија, ќе завршат како оваа гупација

Премиерот Никола Груевски, при своето обраќање во Владата, кажа дека ова се најтешки денови во неговиот живот, откако во полициската акција против терористичка групација во Куманово, животот го загубија осум припадници на безбедносните сили.

„Во земјава илегално влегле 40 лица, со намера за извршат напади врз државни и цивилни објекти. Вчера и утрово во непрекината 28 часовна борба, македонската полиција имаше до сега натешка и најкомплицирана операција,  но полицијата најодговорно и посветено ја спроведе акцијата “, истакна Груевски.

Полицијата целосно ги неутрализира терористите, кои имале цел да ја дестабилизираат Македонија. Груевски посочи дека нивниот патриотизам и херојство е водилка за сите идни генерации.

Во  вооружената престрелка ранети се 37 полицјци, а најголем дел од нив се со полесни повреди.

Груевски јавно изрази почит и благодарност до нив и до сите од МВР кои учествуваа во оваа акција, која е оценета како најтешка операција на полициските сили до сега.

„Имаше медиуми кои пуштаа шпекулации, а имаше и обид да се навлече гнев од Албанците, но, тие не наседнаа на тоа. Терористите не добија поддршка од нив. Ова не е македонско албанкси судир, туку судир на лица кои не и’ мислат добро на Македонија.

Лицата чии домови се оштетени при акцијата, ќе добијат финансиска надокнада.

„Околу 30 терористи безусловно се предадоа со бели знамиња. Тие ќе бидат изведени пред суд и ќе им се суди според македонские закони“, поосчи Груевски.

Најмалку 14 терористи се убиени и надлежните во моментот вршат нивна идентификација.

Груевски апелираше на единство на македонските граѓани, а за сите коменатри во медиуите во кои се критикуваше акцијата на МВР, Груевски истакна дека поради тоа што денеска е Ден на жалост, нема да ги коментира, но, за него тоа е крајно кукавички чин.

„Македонија има сила да продолжу да чекори напред и да напредува. Нема да се тргнеме од зацртаниот пат. Сите кои сакаат да и’ нанесат зло на Македонија, ќе завршат како оваа гупација“, истакна Груевски.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.