Сите лапнаа банана и му дадоа подршка на Алвеш

Раководните лица на шпанскиот порволихаш Вилјареал преку официјално соопштени ја информираа спортската јавност дека е пронајден фудбалскиот „фан” кој на првенствениот натпревар против Барселона фрли банана пред бразилскиот интернационалец Дани Алвеш додека тој се обидуваше да го изведе ударот од аголот. 

Челниците на “жолтата подморница” потврдија дека на престапникот ќе му биде одземен сезонскиот билет и истовремено ќе добие доживотна забрана за влез на “Ел Мадригал”.

„Вилјареал изразува длабоко жалење за инцидентот што се случи на натпреварот со Барселона, кога еден наш навивач фрли банана на теренот. Благодарение на обезбедувањето и на видеоснимките, клубот веќе го идентификува престапникот и одлучи да му го одземе сезонскиот билет, како и да му издаде доживотна забрана за следење во живо на нашиот тим на „Ел Мадригал“, стои во официјалното соопштението на Вилјареал.

Алвеш доби голема подршка од сите страни на светот, а во кампањата против расизмот се вклучија најпознатите спортисти на денешницата.