Сите лековити дејства на ѓумбирот

Ѓумбирот е трајно растение од семејството лилјани. Илјадници години се користи како лек, зачин, храна и средство за разубавување.

Ѓумбирот содржи калциум, магнезиум, витамини Б6 и Ц, а богат е и со гингерола, состојка која ја подобрува работата на цревата, го олеснува и го поттикнува метаболизмот, ја ублажува подуеноста, желудочните тегоби и спречува грчеви.

Гингеролот е слична супстанца како капасицинот и пиперинот што се наоѓаат во лутите пиперчиња. Благодарение на неа ѓумбирот има благо лут вкус, но исто така и изразено јако анти-инфламаторно дејство.

Поради ова, ѓумбирот се препорачува за лицата кои што се во акутна фаза на воспален артритис за да ги намалат тегобите и да го забават напредувањето на болеста. Ѓумбирот е познат и како антиоксиданс, затоа што има анти-воспално и анти-канцерогено дејство.

Исто така, ѓумбирот го спречува создавањето чиреви, така што го поттикнува лачењето, а познати се и неговите аналгетски, смирувачки и антибактериски својства. Поради антихистаминското дејство се користи и кај лекувањето алергии. Лекувањето на артритисот со помош на ѓумбир ги надминува резултатите на лекувањето на конвенционален начин. Се применува кај лекувањето на ревматичниот артритис, остеоартритисот и другите болести на мускулно-коскеното ткиво.

Истражувањата покажале дека може да ја сузбие и мачнината предизвикана од возење или бременост, како и мачнината предизвикана од хемотерапија. Помага и кај ублажувањето на менструалните болки. Чајот од ѓумбир се користи и за слабеење затоа што создава чувство на заситеност и го забрзува метаболизмот. Важно е да пиете околу 250 мл чај од ѓумбир 15 минути пред оброкот.

Ѓумбирот може да се комбинира и со други растенија, како на пример со лимон или нане. Во вода нарендајте корен од ѓумбир. Откако ќе постои, испиете го чајот. Ќе почувствувате лесно пецкање. Колку ѓумбир ќе ставите во чајот ќе процените самите, поради чувството на пецкање.

gjumbir_medd

Изрендајте ѓумбир во мед и „зачинете“ го со две лажички цимет и ќе добиете совршено средство за зголемување на имунитетот. Ова ќе ви помогне за прочистување на дишните патишта, а ќе се зголеми и капацитетот на белите дробови. Ѓумбирот исто така го подобрува и работењето на циркулацијата.

Ова растение е прилично сигурен, природен лек и има многу малку негативни последици. Секако, во се треба да се биде умерен, па така и со пиењето на овој чај, затоа што може да дојде до иритација на усната шуплина. Единствените лица за кои не се препорачува да го пијат е оние што имаат камен во жолчката, затоа што ѓумбирот го поттикнува производството на жолч, како и за луѓето што земаат лекови за разредување на крвта.

Кај некои лица може да предизвика киселини. Ѓумбирот е делотворен во ситни количества од неколку грама. За да ги избегнете несаканите последици немојте да консумирате повеќе од 5 грама дневно. Чајот има помалку несакани реакции од ѓумбирот во прав.