Сите летови до Крим се одложени

Проруски настроени единици за самоодбрана во Крим, наредиле задржување на сите летови кон и од главниот аеродром на полуостровот во Симферопол, со исклучок на оние од и за Москва, пренесе „АФП“.

Борци на единиците презеле контролата врз воздушниот сообраќај и принудиле авион кој доаѓал од Киев да се врати во главниот град, откако не му дале дозвола за слетување.