Сите на точак – покажете дека го сакате Скопје!

Во услови кога загаденоста на воздухот е на алармантно ниво, а сообраќајот, покрај временските услови, индустријата и начинот на загревање на домаќинствата е еден од клучните фактори кои придонесуват за влошување на состојбата, граѓаните треба  активно да се вклучат во подобрување на квалиттеот на воздухот. А, тоа можат да го сторат на едноставен начин, доколку се во можност  да ги заменат своите автомобили, со јавен превоз, а уште подобро со возење велосипеди.

На лицата со развиена свест, нема им пречи тоа што е зима, а скопајни секогаш се обидувале да ги разбиват предрасудите и клишеата. А, време е да ја покажат својата љубов кон градот и на дело. Затоа, направете нешто за себе, и вклучете се активно во акцијата за подобрување на квалитетот на воздухот во градот – Возете велосипед и бидете во допир со природата и бидете поинакви од сите кои современиот тек на живот ги направил заложници и во сопствениот микро свет.

Голема поддршка за користењето на велосипеди постојано дава неформална група скопски велосипедисти „На Точак“, чија цел е организирање на „Критична маса“ во Скопје за популаризација на велосипедот како  превозно средство. „Критична маса“ во Скопје се одржува секоја последна среда во месецот. Часот е променлив во зависност на делот од годината. Вообичаеното почетно време е во 17.30 часот, освен во лето кога е во19 часот.

Оваа година,  13 февруари е ден кога се слави превезувањето со велосипед во зима, а велосипедстите од оваа неформална група повикуваат на што поголема масовност кај граѓаните кои се поддржувачи на оваа идеја.

to to1