Сите нови градби треба да имаат приклучок за гас

Сите видови нови градби треба да имаат приклучок за гасоводна инфраструктура со што би се овозможило непречено поврзување по изградбата на оваа инфраструктура. Ова е предвидено со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што Владата го достави до Собранието на Република Македонија.

Bо досегашните законски решенија досега не постоеше задолжителна обврска градбите да бидат проектирани и изведени со приклучок на објектот на гасоводна мрежа.

„ Со новиот предложен член 11-а се пропишува дека градбата треба да биде проектирана и изведена со приклучок за гасоводна инфраструктура. На овој начин ќе се овозможи сите нови градби да бидат подготвени за процес на гасификација, односно новите градби да можат да бидат непречено приклучувани на гасоводната мрежа со цел користење на природниот гас како алтернативен енергенс“, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.