Македонија

Сите основни училишта во Струга без струја поради долг кон ЕВН

Сите основни училишта во Струга од вчера попладнето останаа без струја, пишува Канал5.

Поради огромни долгови, после повеќе опомени екипите на ЕВН попладнево ги исклучија училиштата од електричната мрежа. Според раководителот на одделението за образование во општина Струга, Сурија Рушити,  без струја останаа основните училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ во Струга, и нивните подрачни училишта во селата Лабуништа, Ливадишта и Радолишта.

Проблемот е во тоа што училиштата се дават во стари долгови со блокирани сметки, а општината барала долгот да го сервисира на рати почнувајќи од следната година, за што не постигнале договор со ЕВН. Како ќе се одвива наставата и дали ќе има прекин или со скратени часови ќе се знае во текот на денот .