понеделник, 9 јануари 2017  |  Вести денес: 57

Сите патни правци проодни, дежурните екипи на терен

ЈП Македонијапат информира дека нејзини дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.

sneg-500x360

Последни вести

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Слаб снег провејува на планинскиот превој Стража, во Маврово и Смојмирово. Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат информира дека нејзини дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни и апелира внимателно да се вози и брзината да се прилагоди кон условите на патот.

Најчитани вести