сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 46

Сите странци, кои ќе влегуваат во Кина ќе треба да оставаат отпечатоци од прсти

Сите странци, кои пристигнуват во Кина ќе треба да оставаат отпечатоци од прсти при минување на границата, јави денеска агенцијата Ксинхуа.

отпечатоци

Поврзани вести

Одлуката е донесенма од Министерството за јавна безбедност на Кина по утврдувањето на новите правила од Државниот совет на земјата.

Во соопштението на Министерството се вели дека отпечатоци од прсти задолжително треба да даваат сите странци на возраст меѓу 14 и 70 години. Новите правила не се однесуваат на лица, кои пристигнуваат со дипломатски пасоши, за членови на официјални делегации, државни службеници или во посебни случаи, предвидени со билатерални спогодби.

Првиот пункт за давање отпечатоци ќе почне да функционира на аеродромот во Шенжен, во провинцијата Гуандун.

Најчитани вести