Сите студентски домови добија нови лифтови

Заврши комплетната промена на лифтовите во сите студентски домови во Скопје. Студентските домови „ Питу Гули“, „Гоце Делчев“, „Пелагонија“ и студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид ќе ги дочекаат студентите во новата академска година со нови лифтови.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека станува збор за капитална инвестиција и остварување на едно ветување кое се однесува на комплетна промена на старите лифтови.

Ристовски вели студентите повеќе нема да имаат проблеми со лифтовите како што беше и ќе се овозможи подобра фреквенција на студентите низ студентските домови.

lift studentski

Низата забелешки од студентите за нефункционирање на лифтовите во одредени периоди  и проблем при нивно користење се веќе минато.

-МОН за оваа намена одвои 15 милиони денари, комплетно се заврши промената и истовремено е добиена потребна дозвола , односно технички прием на овие лифтови со што тие веќе се комплетно функционални, рече Ристовски.

lift studentski1

Заменик министерот изрази благодарност до менаџментот на студентските домови за нивната ангажираност за време на поплавите при што студентските домови „ Сениќ“ и училишниот дом „Партенја Зогравски“ примија лица кои беа зафатени за време на поплавите .

-Очекувам во наредните денови по комплетната стабилизација на состојбата со поплавените региони овие студентски легла да бидат повторно ставени во функција за потребите на студентите, рече Ристовски.