Сите тајни операции на Сорос

Таканаречените „Обоени револуции“, стратегија со која американската  администрација ги соборува „непослушните влади“, секогаш се поврзува со дејствувањето на американските тајни служби и цела една мрежа на невладини организации кои гравитираат околу „Институтот на отворено општество“ на Џорџ Сорос, организација официјално формирана во 1993 година, додека како фондација дејствува уште од осумдесеттите.

Почетните успеси на оваа организација во Унгарија и Советскиот Сојуз не беа насилни. Меѓутоа ограноците на оваа организација како „Канвас“ и „Отпор“ преставуваат „револуционерна авангарда“ во насилното симнување од власт на „непослушните влади и за прв пат се појавуваат во 2000 година во Србија, потоа во 2003 во Грузија, во 2004 година во Украина и во 2005 година, во Либан и Киргистан и така делуваат се до денес. Постои мислење дека прототип на ваквиот начин на симнување на власта бил и неуспешниот обид за рушење на кинеската власт на плоштадот во Пекинг во 1989 година и симнувањето од власт на Чаушевску во Романија.

Бидејќи во овие два случаи поголемиот дел од работата ја завршува ЦИА, што на американската администрација можело да и донесе непријатност на меѓународната политичка сцена, одлучено е валканиот дел од работата да ја завршува невладиниот сектор сцена, одлучено е валканиот дел од работата да ја завршува невладиниот сектор.
soros

Од 1993 година до денес за организирање на државни удари се задолжени Сорос заедно со голем број на невладини организации. Од нив голем број се успешно спроведени но има и такви кои пропаднале како на пример „Зелениот бран“ во Иран.

Со ваквата стратегија Американскиот Стејт Департмент секогаш може да најде изговор дека службено ги помагал и финансирал демократските сили, цивилното општество и слободните медиуми во било која земја.

Таков беше примерот и со Украина кога американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд призна дека на тој начин во Украина биле потрошени 5 милијарди долари, но дека Вашингтон никогаш директно не учествувал во насилното симнување на било која влада.

Моментално на ист ваков начин се рушат институциите во Македонијаsorosss1

Имено во една телевизиска емисија во Македонија, лидерот на социјалдемократската опозиција Зоран Заев на прашање на гледач: „Постојат ли услови во Македонија да се случи украинско сценарио“?, без ни малку страм одговори: – Да може така да се каже, во Македонија постојат услови за украинско сценарио!

Со тоа само ја потврди својата поранешна најава дека ќе ги бојкотира изборите и политичката борба ќе ја префрли на улиците на македонските градови.

Тоа што е Македонија мултиетничка држава и освен некои извесни поделби помеѓу Македонците и Албанците, сега се дели и македонскиот етникум на приврзаници на власт и опозиција, што би можело да значи и туркање на земјата во хаос и граѓанска војна, Заев и опозицијата ни малку не ги вознемирува, а неговите ментори уште помалку.

Зоран Заев ни малку не го загрижува ни тоа што „украинското сценарио значи и најмалку 104, а според некои информации 780 погинати демонстранти и 17 полицајци, како и 10.000 убиени во војната во Донбас. Таква загриженост немаше ни кај лидерите на украинската опозиција, Јарош, Кличко, Тјахнибок, додека помошникот на американскиот државен секретар Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Киев не треба ни да се споменува. За нив убиените Украинци се само бројка.

Сепак американската службена дипломатија се појавува како пријател на Македонија, се даваат смирувачки изјави, дека тие не се мешаат во внатрешните политички случувања туку се залагаат само за демократија, слобода на медиумите, независно судство и владеење на правото, а од друга страна сите организации и медиуми кои се поврзуваат со американскиот милијардер Сорос и неговите фондации, ги распламтуваат немирите и хаосот во Македонија.

Кој е всушност тој човек кој има моќ да ги руши легално избраните влади како да се кули од карти?

Сорос како филантроп е активен уште од 1970 година, кога започнува да обезбедува средства за помош на црните ученици за школување на Универзитетот во Кејп Таун за време на апартхејдот во Јужна Африка. За подоцна да започне да ги финансира десидентските движења во Источна Европа.

Соросовите добротворни средства започнуваат да се трошат на промовирање на „ненасилните револуции“ во источно европските земји.

Неговото делување е фокусирано пред се во Централна и Источна Европа, првенствено преку „Институтот отворено општество и некои други организации кои се под негово покровителство.

Сорос уште од 1980 година започнува да ги користи своите милиони за напад на социјалистичките земји во источна Европа. Неговиот прв успех е забележан во Унгарија.

Таму тргнува со основање на културни и образовни организации со помош на кои ги онеспособува државните социјалистички институции во целата земја у успеал да продре во сите слоеви на власта.

Според процените од 2003 година во ова земја Сорос преку неговите фондации потрошил вкупно 4 милијарди долари или поточно по 400 милиони долари годишно.

Сорос потоа својот интерес го префрла во Полска, каде тој заедно со ЦИА, преку „Фондацијата Стефан Баторју“, ја помага работата на антикомунистичкиот синдикат „Солидарност“.

sorosss

 

ЦИА истата година станува активна и во Кина, а потоа следи СССР.

Не е ниту малку случајно тоа дека ЦИА заедно со Сорос делувала во сите тие земји, бидејќи целта била иста, требало да се уништи социјализмот.

Во Јужна Африка ЦИА барала антикомунистички дисиденти. Во Унгарија, Полска и Советскиот Сојуз, заедно со Националната фондација за демократија, УСАИД и другите институции кои се поддржани и организирани од антикомунисти, барала и регрутирала активисти за работоа во Соросовото „Отворено општество“.

Поради се поголемото влијание со право се појавуваат сомнежи дека „Институтот Отворено општество делува како составен дел од американските разузнавачки служби.

Дури и американскиот весник „Вашингтон Пост“ пишува за обвинувањата од страна на кинеските владини службеници дека Соросовата “Фондација за реформи на Кина“ и ЦИА се во нераскинлива врска.

Од распадот на Советскиот Сојуз, соросовото финансирање продолжува да игра важна игра

Финасирањето и организацијата на „Револуција на ружи“ во Грузија се смета за пресуден во навлегувањето во руската сфера на влијание.

Иако Сорос тврдел дека неговата улога секогаш се преувеличува, Александар Ломаиа, поранешен секретар на Советот за безбедност на Грузија и поранешен министер за образование и наука, бил поранешен извршен директор на „Отворено општество на Грузија“ и кој управувал со околу 50 души и со фонд од 2,5 милиони долари.

Да нагласиме дека и поранешната грузиска министерка за одбрана Тинатина Хидашел, била на чело на институтот „Отворено општество Грузија“.

Поранешниот грузиски министер за надворешни работи Саломе Зоурабичвили за весникот на францускиот институт за геополитика, Херодоте во 2008 година напишал:

„Овие институции се колевка на демократизацијата, особено соросовата фондација. Сите невладини организации кои гравитираат околу неа несомнено спроведуваат револуции. Меѓутоа не може се да се заврши со револуција и јасно може да се види дека после организираните револуции припадниците на овие соросови фондации и невладини организации се интегрираат во структурите на власта.

Поход на Москва

После 1990 година Сорос своите средства ги насочува на рускиот образовен систем под изговор дека на целиот народ треба да му се обезбедат учебници. Всушност Сорос на тој начин ја заразил цела една генерација на млади луѓе со пропагандата на своето „Отворено општество“.

Неговата фондација била оптужена дека спроведува стратегија за преземање на контролата и над рускиот финансики систем и на тој начин да ја надгледува приватизацијата и странските вложувања во земјата.

Русите доста остро реагирале на сето ова и презеле законски мерки. Критичарите на Сорос и на другите американски фондации, изјавиле дека целта на тие маневри било да се онеспособи Русија како држава и на тој начин биде неспособна да се натпреварува со единствената светска супер сила. Русите почнале исто така и да се сомневаат во Сорос и во неговите врски со американските тајни служби.

Покојниот руски олигарх Борис Берзовски отворено изјавил: „За малку ќе се онесвестев кога чув дека Џорџ Сорос бил агент на ЦИА“. Берзовски и самиот мислел дека Сорос и Запад се плашеле што рускиот капитал станува прејак“.

Бидејќи економскиот и политички естаблишмент во САД стравувал од економски натпревар со Русија, најдобар начин да се контролира Русија било да се доминира со руските медиуми, образование и истражувачки центри и наука.

Откако потрошил 250 милиони долари за „трансформација на хуманистичките науки и економија на факултетите, Сорос со 100 милиони долари го создава рускиот „Меѓународен фонд за образование“.

Руската контра разузнавачка служба го обвинува Сорос дека ги подрива темелите на Руската држава и за шпијунажа. Но тој целиот овој период не работел сам, туку бил дел од мрежата која делувала на територијата на цела Русија, а која била финансирана од фондацијата „Форд“ и матичните фондации на Универзитетот Харвард, Дјук и Колумбија, а се со помош на Пентагон и ЦИА.

Руската сојузна контра разузнавачка служба открила дека Сорос плаќал околу 50 илјади руски научници, што му овозможило еден куп на државни и комерцијални тајни, како и да има преглед на голем број на научни откритија.

Во текот на 1995 година Русите се разбеснуваат поради вмешаноста на Стејт Департментот во судирите во Чеченија. Било откриено дека американскиот оперативец Фред Куни учествува во тамошните судири. Меѓутоа особено е важно да се нагласи дека во времето кога исчезнува Куни работи во договор со Сорос, а не директно со американската влада. Соросовото „Отворено општество“ било активно во Чеченија  неколку години и по завршувањето на војната во оваа руска република.

Русија била во голема криза и под влијание на Џорџ Сорос и Клинтоновата администрација. Во 1999 година државната секретарка Медлин Олбрајт блокира околу 500 милиони долари кредит од страна на америчката Експорт-Импорт банка за руската компанија Тјумен Оил бидејќи тоа било во спротивнопст со американските национални интереси.

Тјумен сакал да купи американска опрема и од компанијата на Дик Чејни, Халибартон и компанијата АББ Луммус Глобал од Блумфилд од Ну Џерси.

Џорџ Сорос бил инвститор во компанијата која Тјумен Оил се обидувал да ја преземе. Тогаш Џорџ Сорос и БП Амоко лобираат како би ја спречиле ова трансакција и и ја присилиле Олбрајт на одлука да се оневозможи кредитирање на руската компанија.

Магазинот Тајмс во 2007 година навел два специфична проекта. Сто милиони долари вложување во интернетската структура за регионалните руски универзитети и 50 милиони долари за проектот Миленикум Промис, со кој наводно се сакало да се искорени екстремното сиромаштво во Африка.

Истовремено Сорос дал 742 милиони долари за проекти во Соединетите држави, при што вкупно потрошил 6 милијарди долари.

Негување на левичарскиот антисосцијализам

Овој дел кој го појаснува животот и делото на Џорџ Сорос можеби ќе им ги отвори очите на оние кои што уште веруваат во социјализмот, како на пример партијата СДСМ, или некои други кои само декларативно се социјалдемократски, и како такви се единствениот избор за противниците на националистичките и десничарските партии од кои треба да се спомене ВМРО-ДПМНЕ. Во регионот голема улога игра семејното наследство и дел од населението во никој случај не гласа за националисти туку се ја бира социјалдемократската опција, иако таа нема врска со социјализмот.

Всушност тие биле главна мета на организациите на Сорос и трабало да бидат уништени по секоја цена.

Кога Сорос го оснива „Отворено општество“ го пвикува либералот Арјеха Неиер и му ја дава фондацијата да управува со неа.

Неиер бил водач на „Хелсинки Воч“, наводна организација, за човекови права и антикомунистички ставови. Во 1993 година „Фондацијата Отворено општество“, станува „Институт отворено општество“

„Хелсинки воч“ станува „Хуман Рајтс Воч“ во 1975 година, а Сорос бил во советодавниот одбор за двете Америки, но исто така и во одборите во Источна Европа и Централна Азија, а неговата организација се наведува и како финансиер.

Овај сеприсутен американски „филантроп“ од секогаш бил длабоко навлезен во „HRW“, иако отсекогаш сакал тоа да го скрие. Сорос вели дека тој дава само средства и поставува само програми и го овозможува нивното создавање. Сето ова укажува дека „Хуман Рајтс Воч“ и „Отворено општество“ се речиси неразделни.

Нивните ставови исто така не се разликуваат.

Активностите на Џорџ Сорос се развиваат  уште од 1983 година. Основачот на Националната фондација за демократија Ален Вајнстин изјавил: Mногу од тоа што денес го работиме е направено во тајност уште од 1983 година од страна на ЦИА.

Сорос делува внатре во разузнавачкиот систем, но се разликува од класичните разузнавачи, како оние во Лаос во 1960 година или муџахедините кои профитирале од трговијата со дрога во рамките на тајните операции на ЦИА против социјалистичкиот Авганистан во 1980 година.

Нели Кларк за “Нју Стејстмен“ пишува:

Конвеционалниот поглед кој го делат многу од левицата е дека социјализмот пропаднал во Источна Европа поради своите системски слабости и политичката елита која не успеала да ја добие поддршката од народот. Тоа делумно може да биде и точно но улогата на Сорос била пресудна. Од 1979 година тој делел три милиони долари годишно на дисидентите вклучувајќи го и полското движење Солидарност. Во 1984 година го основал и првиот Институт отворено општество во Унгарија, таму потрошил милиони долари во опозициските движења и независни медиуми.

Преку „Институтот отворено општество“ и „HRW“, Сорос го финансира и „Отпор“, организација која добива куфери со пари за таканаречената револуција 5 октомври 2000 година, кога по пат на насилни протести е симната владата во Белград.

Без оглед на се треба да се каже дека судијата Луис Арбур од Хашкиот суд каде после нередите заврши Слободан Милошевиќ подоцна беше во одборот на Соросовата Меѓународна кризна група.

Отвореното општество и „Хуман Рајтс Воч“ рака под рака делуваат и во Македонија, нарекувајќи го сето тоа како дело од својата „цивилизациска мисија“.

Авторката на анализата за Сорос, Хедер Котин во 2003 тврди. Очекувајте во таа република да се случи распадот на поранешна Југославија.

Веројатно се мисли на зголемената активност на групите собрани околу „Институтот Отворено општество“, кои во Македонија спремаат крвав расплет и распад на самата земја, нешто што го најави и Зоран Заев.

Застапници на моќ

Сорос и самиот има изјавено дека неговата филантропија е морална, додека неговите пари се аморални. Сите одговорни за невладините организации кои ги финансира Сорос имаат јасен и доследен програм. Една од Соросовите највлијателни институции е и Меѓународната кризна група, основана уште од 1986 година, а на нејзино чело се лица во самото средиште на политичката и корпоративна моќ.

Во одборот на „ICG“ членуваат Збјигнев Бежински, Весли Кларк и голем број на други значајни политичари.

За обезбедување на демократијата Сорос има намера за „американизација на Источна Европа“. Преку своите образовни програми почнува на подигање на млади лидери на Соросовите идеи. Тоа се образовани млади луѓе од целиот свет кои се спремни да го исполнат се она што од нив го бараат таканаречените влијателните агенти.

Благодарение на нивното доста добро познавање на англискиот јазик и нивното вклучување во институции во создавање во целните земји, овие регрути подоцна во своите земји ќе го отворат патот на мултинационалните компании

Џорџ Сорос е во потполна врска со капиталистите кои управуваат со процесите на превземање на контролата на глобалната економија.

Соросовите фондации се распространети низ Албанија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грузија, Гватамала, Хаити, Унгарија, Казахстан, Киргистан, Македонија, Молдавија, Монголија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Јужна Африка, Украина, Србија и голем број на други земји.

Некои од овие земји ја увиделе опасноста и ја забраниле работата на Институтот Отворено општество и неговите филијали. Прва од тие змеји била Русија.

Да имам надворешна политика и мојата цел е да станам светска совест, изјавил Џорџ Сорос.

Сорос ги раширува своите пипки и во Кина. Одговорен е и за насилното растурање на Југославија а себе си се нарекува Филантроп. Неговите филантропски и комерцијални делувања се тајни и контрадикторни.

Тој е магионичар кој систематски го преварува светот.

На Балканот е присутен по растурањето на Југославија и отворено соработува со американскиот институт за мир чиј програм службено го одобри и ЦИА.

Кога непријателските сили на глобализацијата протестираа на улиците околу хотелот Волдорф-Асториа во Њујорк во 2002 година Сорос бил внатре и држел говор пред Светскиот економски форум.

Кога полицијата демонстрантите ги оградила со метални кафези во Парк Авенија, Сорос говорел за доблестите на „Отвореното општество“, а му се придружиле и Брежински, Хантингтон, фукојама и други.

Иако кажано уште пред 13 години денес повеќе од било кога Македонецот треба да се потсети зборовите на Хедер Котин: Oчекувајте дека во таа република се спрема конечниот распад на поранешна Југославија.