Сите тајни за добриот изглед на Џенифер Лопез

Харолд Лансер е лекар дерамотолог и козметичар кому најпознатите холивудски ѕвезди Џенифер Лопез, Бионсе, Скарлет Јохансон и други безусловно му веруваат.

Тој ги откри тајните што помагаат неговите клиенти да изгледаат вечно младо.

Крема за лице по 60 секунди

Важно е да нанесете крема за лице веднаш по миењето. Во рок од 60 секунди мал процент вода останува на површината на кожата, што ќе испари веднаш по миењето поради што кожата веднаш почнува да ја губи влажноста.

Немојте да пиете пред епилација

Звучи чудно, но тестирањата низ годините покажуваат дека испиете една чаша вино или коктел пред посетата на салонот процесот ќе биде поболен и помалку ефикасен.

Немојте да ги стискате забите

Со недоброволното стискање на вилицата само ќе ја расипете забната глеѓ, ќе заработите брчки на аголот на усните и ќе го расипете обликот на лицето. Исто така, ако сте склони на тоа да чкрипете со забите додека спиете, постојат силиконски протези, како за боксери, а постепено оваа навика ќе исчезне.

Навлажнете ја косата пред пливање

Пред да скокнете во базен или да пливате во море, навлажнете ја косата со вода. Таа го исполнува просторот помеѓу скалпот и косата и не дозволува хлорот или солта да продрат.

Павлаката е подобра од кремата за изгореници од сонце

-Го научив овој рецепт од руските колеги и тие ми рекоа дека тоа е речиси како анегдота. Но проверив и навистина е сјајно. Павлаката содржи доволно масти за да ја разблажи кожата, млечни компненти што ја ладат кожата и нема алергии. Намачкајте се со павлака, држете ја 20 до 30 минути, а потоа измијте се со студена вода и нема нелагодности.

Не купувајте памук

Ако не сакате да ги користите прстите, тогаш користете густ сунѓер или четка. Значи најдобро е тоникот за лице да го ставите во раце и да го измиете лицето. Памукот апсорбира нечистотија и ги трошите парите залудно.

Користете прајмер (основа)

Неутралниот прајмер ќе го спречи прекумерното сушење на кожата кое настанува поради ресусрите за тонирање. Ако имате масна кожа, прајмерот ќе ги заштити порите, а ризикот од акни ќе се намали.

Измијте го лицето со шампон против првут

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.