Сите знаеле за измамата на Фолксваген, но лојално молчеле

Сите знаеле за измамата на Фолксваген, но лојално молчеле
Фолксваген призна каде се корените на тешката измама

Дали измамата е нормален дел од водењето бизнис? Какви последици има скандалот со Фоксваген автомобилите на пазарот и на работата на големите концерни.

Зошто нема „свиркачи“ кои на јавноста би и укажале на измама?

Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави разговор со професор по социологија, Штефан Кил, кој вели дека скандалот со Фолксваген за социолозите е се друго, само не изненадување. „Така функционираат таквите компании“, вели тој.

Кога станува збор за автомобилскиот гигант, адвокатите и ревизорите само што ја започнале својата работа но, едно е сигурно – тезата дека се’ е дело само на неколку стручњаци за техника, е неодржлива.

Со други зборови: Многу луѓе знаеле за илегалната работа, а професорот КИл смета дека е малку веројатно шефовите на фирмите, на некој начин, да не се вмешани во измамата. Тој вели дека големите шефови, како Мартин Винтеркорн, се потрудиле за „официјално да не знаат ништо за тоа“.

Кој дава наредби да се работи криминално? Ова прашање всушност создава забуна. Бидејќи повредите на правилата не се спроведуваат по наредба, тие полека се вградуваат во работата. Лојалноста и големата идентификација на работникот со компанијата во која работи се заслужни за некоја информација за нечесна работа да не излезе надвор. Сите знаат што се работи, но молчат. И покрај тоа, сеуште не е јасно како овој скаандал не е откриен порано. Впрочем, секаде има „свиркачи“, некој вид легални „тужибаби“, работници кои илегалните работи ги изнесуват во јавност, иако тоа е многу ризично. Тука се и отпуштени менаџери кои знаеле се’, зошто ништо не проговориле за да се осветат?

Измамата е толку голема што морале да се ангажираат и екстерни обвинители.
„Фолксваген тргна во офанзива“, пишува „Шпигел онлајн“: Во понеделникот еден од претставниците на концернот соопштил дека од вкупно 11 милиони манипулирани автомобили, осум милиони се наоѓаат во Европската унија.

Магазинот „Фокус“ пишува дека милиони сопственици на Фолксваген автомобиле сега на интернет може да видат дал нивното возило со дизел мотор е изманипулирано.

Се’ изгледа како нормална акција која доаѓа после софтверската грешка. За вистинската позадина на се’ возачите на Фолксваген немаат никаква информација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.