„Сител“ и цел Градски парк денеска без вода

Корисниците од неколку скопски улици, меѓу кои и објектот на телевизија „Сител“ денеска од 9,30 часот ќе останат без вода за пиење, информираат од јавното претпријатие „Водовод“.

Прекинот е поради изведување на приклучок профил Ф-80 милиметри на улица Јордан Хаџиконстанинов Џинот раскрсница со улица Кукушка, денеска од 9,30 часот, па се’ до изведување на приклучокот без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Кукушка, Димитрие Туцовиќ, Ј.Х.Џинот, Крсто Бајиќ, Градски парк, ТВ Сител, Техномаркет и ресторан Уранија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.