Македонија,Политика

Сител: Заев ја ископирал програмата на Обама за враќање на средната класа и поголеми даноци за богатите

Сител: Заев ја ископирал програмата на Обама за враќање на средната класа и поголеми даноци за богатите

Во македонски рамки, аналитичарите коментираат дека Заев во желбата да биде модерен и во тек со политиките на најмоќните држави во светот, практично ја ископирал програмата на Обама, за воведување повисоки даноци за побогатите и враќање на средната класа, пренесува телевизија Сител.

Дека имаат право потврдуваат и плакатите со кои Обама ја бараше довербата на последните избори и кои се со речи си истите пораки кои македонските социјалдемократи ги испраќаат на своите јавни настапи низ Македонија.

Копирањето на политички програми според телевизијата не е ништо ново на Бихаќка.

„Кога Радмила Шеќеринска ја раководеше партијата, таа се обиде да ги копира проектите на поранешниот британски премиер Тони Блер, а социјалдемократите истата кампања излегоа и со лого превземено од производител на банани, пренесува Сител. Експертите коментираат дека СДСМ заборава дека секоја земја има свои специфики и дека секоја политичка програма освен добар маркетинг бара и сериозна работа на терен, за која СДСМ нема капацитет“, објави Сител.

Според телевизијата, опозицијата покажува дека нема доволно квалитетен кадар кој ќе напише автентична програма која ќе може да се примени во Македонија и ќе даде резутати, па затоа, прибегнуваат кон копирање на туѓи програми, кои и во земјите за каде се креирани го топат рејтингот на нивниот носител.

Тие велат дека во таква ситуација СДСМ прибегнува кон силен маркетинг во надеж дека на граѓаните ќе им ги продаде мерките кои однадвор се добро спакувани а во суштина неприменливи па токму затоа од ден во ден се редат некоординираните изјави и големиот број гафови на опозициониерите.

Борбата за средната класа го спушти рејтингот на Обама на најниско ниво од неговото влегување во Белата Куќа. Првиот афроамерикански претседател на САД лошо ја води економската политка на најмоќната држава во светот, сметаат две третини од Американците.

Обама ги доби полседните избори тврдејќи дека ќе се бори за средната класа во земјата, но од реизборот до денеска, во Обама веруваат се помалку граѓани, а од враќањето на средната класа во САД нема ништо. Дека ситуацијата само се влошува, потврдува и поранешниот американски претсеадтел Џими Картер кој вели дека денешната средна класа е налик на сиромашните луѓе од пред 30 години.

Камен повеќе на патот надолу за Обама беше и проектот Обамакер, кој предвидуваше измени во системот за здравствено осигурување а по неговата примена над 5 милиони Американци остнаа без никаква здравствена заштита. По ова Обама мораше да се извини, а американските медиуми му ја доделија тиулата „Лажго на годината“.