Сити го победи и го елиминира големиот должник Челзи

Најинтересниот натпревар од 1/8 финалната рунда од англискиот ФА Куп, пресметката помеѓу најголемите фаворити за победничкиот пехар, Манчестер Сити и Челзи, сосема заслужено заврши со сигурен триумф на „граѓаните” од 2:0.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на црногорскиот интернационалец Стеван Јоветиќ, а кам-бекот на зелениот терен по пауза од 40 дена, со погодок го прослави репрезентативецот на Франција, Самир Насри.

Денеска ќе се одиграат уште три натпревари од 1/8 финалната рунда, а убедливо најголемо внимание ќе привлече дуелот на „Емирати” помеѓу големите ривали од англиската Премиер лига, Арсенал и Ливерпул.

Фудбалерите на Арсенал сакаат со победа да му се реваншираат на Ливерпул за срамниот пораз од пред една недела.

Резултати: Кардиф – Виган 1:2, Сандерленд – Саутемптон 1:0, Манчестер С. – Челзи 2:0.

Денеска на програмата: Евертон – Свонси, Шефилд Ј. – Нотингем Ф., Арсенал – Ливерпул.