Сити го понижи Тотенхем, Челзи немоќен пред бункерот на Вест Хем

Фудбалерите на Тотенхем се последните кои на својата кожа ја почуствуваа моќта на новиот лидер во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити.

Првенствената пресметка на “Вајт Харт Леин” заврши со убедлив триумф на популарните “граѓани” од 5:1, а по еден погодок во противничката мрежа постигаа Серхио Агуеро, Јаја Туре, Един Џеко, Стеван Јоветиќ и Винсент Компани.

За разлика од Сити, тимот на Челзи не оправда ја оправда фаворитската улога во првенствениот натпревар од 23. коло и на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод од дуелот против градскиот ривал, Вест Хем.

Седум погодоци, три во домашната и четри во гостинската мрежа, беа постигнати на градската пресметка помеѓу екипите на Астон Вила и ВБА, а дуелот помеѓу Сандерленд и Стоук заврши со минимален триумф на домашните од 1:0.

Резултати: Тотенхем – Манчестер С. 1:5, Сандерленд – Стоук 1:0, Астон Вила – ВБА 4:3, Челзи – Вест Хем 0:0.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.