Сити го продава Туре и го купува Погба

Актуелниот шампион на Англија и најбогат клуб на Островот, Манчестер Сити и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на францускиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Пол Погба.

За раководните лица на Манчестер Сити, Погба е идеална замена за искусниот играч за врска, Јаја Туре, кој пред неколку недели изјави дека не е задоволен од третманот на “Итихат” и се закани дека е можно да си замине од Манчестер за време на летниот преоден рок.

Доколку се реализира тоа сценарио, кое го најави репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, тогаш челниците на Сити со сите сили ќе тргнат по францускиот интернационалец, кој може да стане реалност за актуелниот шампион на Англија само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра.