Сити ќе изброи 46 милиони евра за Елиакуим Мангала

Сопствениците на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, повторно седнаа на преговарачката маса се со цел, најпосле да го договорат најавениот трансфер на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Португалија, тимот на Порто, Елиакуим Мангала.

Англиските медиуми потврдија дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза и дека 22-годишниот дефанзивец во следните пет години ќе го носи дресот на премиерлигашот од „Итихат”.

За разлика од пред неколку месеци, кога не беше прифатливо побараното обештетување, сега раководните лица на Манчестер Сити потврдиле дека се подготвени да одвојат околу 46 милиони евра колку што бараат челниците на Порто за услугите на францускиот интернационалец.