Сити ќе одвои 40 мил. евра за потписот на Мангала

Актуелниот шампион во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити излезе како победник во трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Порто, Елиакуим Мангала.
Фудбалските медиму на Островот потврдија дека двата клуба најпосле постигнале договор околу обештетувањето на 23-годишниот дефанзивец кое нема да биде помало од 30 мил. евра.
Освен најбогатиот клуб на Островот, Мангала важеше за голема желба и на лондонскиот премиерлигаш Челзи, но сопственикот на “сините”, Роман Абрамович беше поготвен да одвои околу 30 мил. евра за неговото обештетување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.