Спорт

Сити нуди 32 мил. фунти + Џеко за Пол Погба

Сити нуди 32 мил. фунти + Џеко за Пол Погба

Од ден на ден се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба.

Ако до пред неколку недели, францускиот гигант ПСЖ важеше за прв фаворит кога е во прашање потписот на 22-годишниот играч за врска, сега таа улога му е доделена на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.

Интернационалната групација “Абу Даби” е подготвена да одвои околу 32 мил. фунти за обештетувањето на Погба, но е подготвена во обратната насока да го испрати и босанскиот интернационалец, Един Џеко.
Најавениот трансфер е проценет на 53 мил. фунти, но раководните лица на Јувентус се заинтересирани само за парична понуда и по можност истата да не биде помала од 70 мил. евра.