Сити подобар од Арсенал, Ливерпул убедлив против Вест Хем

Во големото дерби од првото коло на англиската Премиер лига, актуелниот шампион Манчестер Сити со сигурна игра на лондонски „Емирејтс“ го совлада Арсенал со 2:0, додека Ливерпул пред своите навачи со 4:0 беше убедлив против Вест Хем Јунајтед.

Бледиот Арсенал и со новиот менаџер на клупата Унаи Емери пренството го започна со раштимувани редови и игра во којашто потфрлија речиси сите клучни играни, а особено новите играчи во одбраната. Сити со головите на Рахим Стерлинг во 12 и Бернардо Силва во 64 минута лесно дојде до трите бода.

Ливерпул со победа ја започна новата сезона во кои клубот од „Ејнфилд“ има големи амбиции. Стрелци за „Редсите“ беа Салах во 19, Мане во вторат минута од продолжението на првото поувреме и во 53-та, а Стариџ во 88 минута постигна погодок по само двасетина минути во игра.

Саутемптон и Барнли одиграа мироубиво без голови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.