Сити прв финалист, Јунајтед на потег

Со убедливата победа од 3:0, но сега на гостувањето во Лондон, фудбалерите на Манчестер Сити на најдобар можен начин го елиминираа тимот на Вест Хем и обезбедија пласман во финалниот натпревар од англискиот Лига Куп.

Првиот натпревар одигран на “Итихат” заврши со убедлив триумф на “граѓаните” од 6:0, а на реванш дуелот два погодока постигна шпанскиот интернационалец, Алваро Негредо, а во листата на стрелци се запиша и репрезентативецот на Аргентина, Серхио Агуеро.

Денеска ќе се одигра реванш полуфиналната пресметка помеѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Сандерленд, а домаќинот прво има обврска да ја анулира предноста на Сандерленд од еден гол.