Сити прв ја помина целната рамнина

Како и што се очекуваше, најбогатиот клуб на Островот, тимот на Манчестер Сити и официјално ја освои новата, четврта шампионска титула во англиската Премиер лига.

Извраниците на Мануел Пелегрини не дозволија никакво изнендаување ниту на “Итихат”, ниту во последното првенствено коло од актуелната сезона и сосема заслужено со 2:0 го победија гостинскиот тим на Вест Хем.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на францускиот интернационалец, Самир Насри, а на самиот старт од второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и капитенот на “граѓаните”, Винсенте Компани.

Резултати: Кардиф – Челси 1:2, Фулам – К. Палас 2:2, Хал – Евертон 0:2, Ливерпул- Њукасл 2:1 , Ман. сити – Вест хем 2:0, Норвич – Арсенал 0:2, Саутемптон – Манчестер ј. 1:1, Сандерленд – Свонси 1:3, Тотенхем – Астон вила 3:0, ВБА – Стоук 1:2.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.